1. Копанот убаво се мие, се зачинува со зачините од двете страни и се става во тава за печење.
2. Се прелива со малку маслиново масло и со вода, се покрива со фолија и се става во загреана рерна на 200 степени да се пече околу 20 минути.
3. Потоа се трга фолијата, месото се завртува од спротивната страна и се пече уште 20 минути.
4. Потоа се вади месото од рерна, се трга на страна, за да се истури во тавата претходно исечканиот и измиен зеленчук.
5. Месото се проверува дали е печено, ако не е се става врз зеленчукот да се допече.
6. Зеленчукот се пече уште 20 минути, само колку да омекне, нема потреба многу да се готви.
Се додаваат зачини по желба и се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови