Подготовка
Од состојките замесуваме меко тесто и оставаме еден час да одмори и ја дуплира својата големина. За тоа време ги подготвуваме останатите состојки за полнењето.
Го рендаме кашкавалот, киселите краставички ги сецкаме ситно, доматите ги лупиме па ги сецкаме, а сварениот стек го распарчуваме на мали парченца - или пак го сецкаме колку можеме потенко.
Јас претходно го разварив со цел побрзо да се подготви, може да го направите и на грил тава доколку ви се допаѓа така повеќе.
Павлаката ја мешаме со карито.
Откако ќе стаса тестото, го делиме на 5 еднакви делови и рассукуваме колку можеме поправилна форма.
Потоа мачкаме од павлаката и над неа редиме од состојките - стек, кисели краставици, кашкавал и домат. Краевите на кората ги премачкуваме со белка од јајце за да се залепат убаво и да не тече при печењето. Потоа виткаме во ролат, ставаме во тава на хартија за печење и премачкуваме со жолчка од јајце и поросуваме сусам.
Ова се пече на 220 степени 15 минути.
Јас правев од 1.5кг брашно па ми излегоа 5 големи ролати.
Кората исукајте ја колку можете потенко за да биде ролатот поубав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови