Многу едноставен и превкусен рецепт за лесна хроно вечера.

1. Местото се става да се вари, околу 20тина мин, зависно колку се големи парчињата.
При крај од варењето, на 4-5 мин се става брокулата да се обари.
2. Месото се чисти од коската. Брокулата се сече на четвртини.
3. На грил тава се редат брокулите и на страна се става и месото. Месото се зачинува со зачините по вкус.
Сето тоа заедно се запржува кратко време, колку само да фати боичка и да зарумени.

Овој рецепт за брокула на грил тава ми е од брзите рецепти на Џејми Оливер, кои се подготвуваат за 15 мин, но тој направи доста посложена комбинација, јас останав на нешто поедноставно, само со пилешко, не многу зачинето. Сепак, по принципите на хроно, колку е поедноставно, толку подобро.
Овој оброк слободно може и за ручек да се подготви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови