Прекрасно Тајладско јадење, кое лесно се вклопува и во нашата кујна. За Тајладската кујна карактеристично е користењето на коријандерот како зачин, особено свеж во салата, како и комбинацијата на меки и крцкави јадења. Ова е едно од нив.

Подготовка
1. Месото се чука на даска, за да се истенчи. Потоа се зачинува со кари, морска сол, бибер и мешан зачин и се прелева со соја сос. Така треба да се маринира барем 2-3 часа, во фрижидер.
2. Во вок тава или на грил тава, се става 2-3 лажици масло и се загрева. Се пржи месото прво на силен оган по 1 мин од двете страни, а потоа се намалувана среден оган, за да се зготви убаво месото, уште 4-5мин.
*Може да се подготви на истиот начин и на скара или дирекно во рерна на 200 степени, околу 20 мин. На секој начин ќе биде убаво, меко и вкусно.
3. Се тостира сусамот, заедно со кикиритките.
4. Се сецка краставичката на долгнавести ленти, не многу тенки и се прелева со масло од кикирики (или може и масло од сусам), коријандер, сок од лимон и морска сол. Убаво се меша.
5. Се послужува така што топлото месо се става во смесата од сусам и кикирики од двете страни, за да убаво се налепи од нив, а потоа можете на горната страна да додадете и поголема количина. Тие ќе дадат богат и крцкв вкус на пилешкото. Од страна се става од вкусната салата, како прилог.
*Ако не ви е доволно сето ова за еден оброк, дополнително подгответе си и мала количина на азиски ориз.
*Мене ми остана повеќе од кикириките и сусамот и ги истурив врз салатата и ми дојде уште поубава за јадење.

Се надевам дека ќе ви се допадне овој Тајладски рецепт, подготвен на македонски начин!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови