Пилешкото се сечка на коцкички уште кога не е доодмрзнато.
Кога ќе биде одмрзнато заедно со печурките се динста па се пропржува 20тина минути.
Кари сосот е скромен во рецептов не содржи илјадници состојки кои ги немаме дома.
Во садот за сос ставаме 50 грама путер,кога ќе се растопи го тргаме настрана и му додаваме 1 полна лажица брашно. Промешуваме убаво да не се направат грутчиња и враќаме на оган на тивко.
Го додаваме претходно затопленото благо млеко и мешаме.
Смесата се згуснува. Додаваме малку сол, 1 лажица кари ,1 лажица куркума, малку црн пипер и мешаме на тивко 2-3 минути.
Сосот го прелеваме врз пилешкото и печурките,го затвораме капакот оставаме да поприми кари сосот и послужуваме .

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови