Гарам масала е една од најпознатите индијски мешавини на зачини (масала). Се користи во сите видови јадења, од вегетаријански до месни. Едноставно е за подготовка и рецептот за овој зачин е веќе објавен на странава, напишан од Клара

1. Насецкајте го кримидот и лукот на ситни коцки и пропржете ги на масло.
2. Потоа додајте чили во прав или ако имате и чили пиперче исецкано на ситно, по вкус, зависно колку сакате да ви е луто.
3. Пилешкиот стек исецкан на коцки, се додава кон останатите состојки и се динста се заедно околу 5 мин, на среден оган.
4. Потоа се додава доматното пире и останатите зачини. Сетоа тоа се готви уште 2-3мин, на тивок оган.
5. При крај на готвењето се додава и зачинот гарам масала, убаво се промешува и се додава павлаката. Се остава да крчка на тивко уште 1 мин и се трга од оган.

*Доколку имате кари паста, може да се додаде во карито, околу 1 лажичка, за уште побогат кари вкус.

На крај ќе добиете прекрасно вкусно и зачинето пилешко, со вкусен кари сос. Одлично јадење кое не се пропушта да се проба.
Се комбинира со ориз на азиски начин

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови