Неколку години наназад го приготвувам овој рецепт, многу е вкусен и лесен за подготовка па еве рецепт за сте да го пробаат..
Морковот и кромидот се рендаат на ситната страна од рендето и се запржуваат на малку масло. Пилешкиот џигер убаво се мие. Кога ќе омекне морковот и кромидот се додава џигерот и се пржи додека почне џигерот да поцрвенува. Пред да биде готов се додаваат печурките и домстниот сос и се остава да крчка и да се згусти до посакуваната густина. Јас го тргам пред време бидејки сакаме кога има повеќе за макање. Се зачинува по вкус со мешан зачин.
Пријатен аптетит !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови