Исечете ги пилешките гради во дебелина на пола за да добиете 4 потенки парчиња.
Исчукајте ги со чук со боцки од двете страни и обострано премачкајте ги со дресингот и зачините.
Доколку немате ваков дресинг кој се купува готов во тегличка во маркетите, како алтернатива измешајте сенф и киела павлака.
Испечете ги стековите во намастена грил тава.

Откако ќе се испечат, додадете ја најпрво чајната кобасица исечена на тенки ливчиња, малку да запржи, па додадете го топеното сирење, промешајте и на крај додадете ја павлаката за готвење.
Кога состојките ќе се соединат, тргнете ја тавата од рингла и сервирајте во чинии.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови