Едноставни, но многу сочни и меки плескавици кои вреди да ги пробате.

Изрендајте ја тиквичката и со малку масло ставете да се подзапржи.
Додајте ја куркумата и откако ќе омекне тиквичката тргнете од оган и оставете да се олади.

Пилешките гради ситно исецкајте ги.
Додајте ја пропржената оладена тиквичка, ренданиот кромид и лебните трошки.
Зачинете со сол и црн бибер.
Измешајте убаво за да се соединат убаво состојките.

Со намрснати раце земајте од смесата и формирајте плескавици.
Наредете ги во плех обложен со хартија.

Печете на 200 степени 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани