1. Пилешките гради се мијат и со кујнска хартија им се одстранува водата, потоа се сечат на коцки.
2. Секоја коцка се валка првин во брашно во кое се става малку сол, потоа во матено јајце и на крај во презла. Така секоја коцка се пржи во масло на среден оган додека да порумени. Секоја пржена пилешка коцка се става на хартија или салфетка да се впие вишокот масло.
3. Состојките за сосот се ставаат во сад и се мешаат. По вкус може да се додаде сол или пак да се калкулира со количината на лимонов сок.
4. Листовите марулка убаво се мијат, се сечкаат на ленти, се ставаат на чинија и се попрскуваат со малку лимонов сок. Врз нив се редат подизладените пилешки коцки, а во средината на чинијата во округло садче се става подготвениот сос.
При јадењето секоја коцка се брцка во сосот и се ужива во вкусовите.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани