Подготовка
1. Пилешкото го сечкаме на мали коцки. Го маринираме со сенф и зачини. Го оставаме еден час за да впијат зачините. Месото го запржуваме на масло. Го ставаме во садот во кој ќе го потпекуваме.
2. Печурките ги сечкаме и ги ставаме на малку масло и тие да се запржат. Ги додаваме кон месото.
3. Сланината ја сечкаме на мали коцки и ја пропржуваме, па ја додаваме кон месото. Сите состојки во тава ги промешуваме.
4. Киселата павлака ја соединуваме со јајцата па го додаваме млекото, промешуваме. Со оваа смеса ја залеваме тавата.
5. Одозгора ставаме рендан кашкавал.
6. Ја ставаме 10-15 минути да се потпече во загреана рерна на 200 степени.

Забелешка
Ако немате време и сакате веднаш да го зготвите, не мора да ја чекате маринадата да впие. И така го имам правено и исто е вкусно.
Вргањот му дава посебна арома на јадењето, јас многу го сакам па затоа и го ставам, ако немате не мора ни да ставате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани