- Сварете го пилешкото месо во малку посолена вода (коцките за бујонот се солени)
- Сварено месото извадете го во друг сад за да го искостите, а во водата додадете го насецканите кромид, морков и компир. Искостеното месо насецкајте и вратете во тенџерето нека се вари заедно со зеленчукот. Откако убаво ќе зоврие, ставете ги зеленчуковите коцки. Нека вари одредено време до омекнување на зеленчукот, а потоа додадете го фидето, нека продолжи да се вари.
Кратко време пред да е потполно сварено додадете го пресното млеко и сега сето ова заедно да се вари околу 4-5 мин. Тргнете од огнот.
Пробајте за сол, ако е потребно доадете, додадете го и биберот заедно со сецканиот магоднос.
Одлична супа, а веке летото полека си оди, потребни се вакви супи кога ќе залади.
Напомеа
- Супата е богата со месо. Овие состојки одговараат за околу 2 л. вода, но вие би сакала сами да оцените колку ви е количински потребно, значи можете и да намалувате.
- Не значи дека баш пак морате карабатаци да варите, било кој дел од пиле. Да ви кажам дека со домашни е каде - каде повкусно, особено пак ако е петел.. мераци од супа е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани