Нешто поинаку од стекот...
 
- Пилешкиот стек се валка во солта, се става во сад или кеса, се затвара и се остава во фрижидер да одлежи 24 часа.
- По истекот на времето извадете го стекот, исчистете ја солта која останала по него.
- Во сад ставете ја водата, растворете го лимонтусот и тука ставете ги стековите. Оставете нека одстојат 2 часа. Извадете и со салфета подсушете ги.
- Измешајте ги сите зачинки, во нив добро извалкајте го стекот да има што повеке полепено по него, со игла и конец поминете низ стекот, врзете го така што со врзувањето ке се овозможи да се закачи. Вака спреманиот стек закачете во просторија каде што е провев за да се суши. Ако е погодено местото стекот е готов најмногу за 3-4 дена. откачете и сечете...мезето ви е готово.
Напомена
- Местото каде што ќе биде закачен стекот за сушење е многу битно. Ако е темно и нема провев - мислам дека може и да се расипе, а нема да се исуши.
- Кога напишав дека треба да го увалкате во сол, мислев на сол доволно што ќе го осоли, внимавајте да не го пресолите. Доколку мислите дека сте го пресолиле, кога ќе го извадите измијте го и тогаш со слафетата исушете го, па валкајте во зачинките.
- Зачинките ви се напишани оригинал како што е рецептот, мене тоа не ме ограничува, ставив и рузмарин, мајчина душичка, од шаерната сол, буковец, се што мислев дека овде сосема одговара. кој сака да е пикантно...тогаш чили во прав или буковец. Слободно додавајте повеке зачинки и на вид и на количина.
Одлучив да ви напишам нешто поразлично од досега напишани од мене рецепти, оставам на вас дали ќе се одважите да пробате, доволно е ладно за да не се расипе стекот за време на сушењето.
- Правевме едно време Пастрма овча, но тој процес е сосема различен од овој и за мене е макотрпен, а можеби некогаш и тоа ке го направам исто како што правеа моите родители кога бевме деца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани