Еден лесен рецепт. Убаво пикнтно лепче без месење.
Во млаката вода го разматуваме квасецот, а потоа го додаваме брашното кое добро го просеавме.
Додаваме сол, шеќер и маслото со останатите состојки.
Сета оваа мешавина ја промешуваме со дрвена лажица.
Мешаме убаво додека да исчезнат сите грутчиња.
Оставаме да се дуплира тестото.
Откако е готово, го промешуваме уште еднаш со лажицата и го префрламе во тава во која претходно сме ставиле хартија за печење.
Значи само го префрламе со лажицата полека. Не месиме, не размесуваме...
Го оставаме така повторно да стаса, па печеме во загреана рерна 40 минути.
Кога ќе го извадите лепчето попрскајте го со вода и покријте го со кујнска крпа.
Веќе имате прекрасно лепче, кое верувајте можете да го јадете така без ништо.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови