Па пикантна ли е....
- Исечете ги патлиџаните на тенки парчиња, сакате на должина сакате на кругови-ваш избор.
- Пржете ги на загреано масло кое ќе го доливате во текот на пржењето и добро нека се испржат да заличуват на чипс. Извадете ги, нека олади маслото во кое ги пржевте, па потоа додадете го на патлиџанот.
- Исчистете го лукот, исецкајте магдоносот, одстранете ги рачките на пиперчињата и на неколку парчиња исечете во сецкото исецкајте или со блендер.
- Во добиената изблендирана смеса ставете го оцетот и солта и измешајте, а сето тоа заедно ставете во пржениот патлиџан, измешајте и служете.
Преодлично мезе.
Кој не е по лутичкото нека стави благи пиперчиња, на нас вака ние совршен.
Комотно можете ова да го направите и зимница да биде така што ќе ги наполните теглите, нека се вакумираат и нека стои на рафтовите. Оваа салата ја правам при крајот на летото за зимница и од оваа колиличина излегува 5 тегли од по 750 мл. а во текот на летото поделени состојките на три дела си правам постално како додаток или салата, а и како мезе заедно со сиренце... ма одлично,
Нема да згрешите воопшто со овој рецепт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани