На загерано масло го ставаме ситно сецканиот кромид да се пржи.
Потоа ги додаваме коцките целер и лутите пиперчиња.
Запржуваме.
Го додаваме свинскиот дроб сецкан на парчиња.
Пржиме додека ја смени бојата.
Сега додаваме бибер, ловоров лист, некое зрно шеќер и доматниот густ сос.
Сставаме на тивко да крчка 15 минути.
Пред сам крај ги додаваме солта и магдоносот.
На една лепиња и го одсекуваме капакот, ја вадиме средината.
Тука го сервираме џигерот во доматен сос.
Послужуваме и уживаме во пикантниот вкус на овој ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани