Ја загреваме рерната на 180степени.
Лепчето го пресекуваме на половина, нека долниот дел биде поголем.
Подобро е да си купите мала векна лепче, со потврда кора, но и оние обичните погачи цвет вршат работа.
Во долниот дел, на средина длабиме дупка, која ја обложуваме со шунката, па во неа го кршиме јајцето. Ставаме зачини по желба, па сецкан млад кромид и на крај рендан чедар.
Печеме 10 минути за течна жолчка, 15 за полутечна или 25 минути за тврдо испечено јајце.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови