- Испечените, излупени и од семето исчистени цели пиперките ставете ги во сад.
- Додадете ги ситно исецканиот магдонос, лукот, исецкан или рендан морковот, солта, шеќерот, маслото и оцетот. Лесно измешајте ги внимавајки да не ги исцепкате. Оставете да одлежат 3 часа, но повремено пробркувајте ги.
- Соберете во тегли, залијте со сафтот, затворете и пастеризирајте ги 10 мин, откако водата почнала да врие.
Напомена
- Овие состојки се однесуваат за 1 кгр. Нормално дека ќе ги зголемувате зависно колку тоа пипер сте одлучиле да спремате.
- Можеби нема да е за верување, но токму денес 30.11.- ги спремав, овака бидејки веќе не знаев што да правам и како паметно да ги искористам убавите пиперки.
Овие пиперки се навистина со предобар вкус.
- Бидејки не сакам да ставам конзерванси или салицил, секогаш изборот ми е пастеризацијата, а ако некој сака, нека стави конзерванс на 10 кгр. пиперки едно паковање конзерванс.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани