- Магдоносот ситно исецкајте го, лукот изрендајте или исто така исецкајте. Исто така исечете го и лимонот на парчиња.
- Замрзнатиот ослич само малку да се одледи, излупете, но и не морате, може и нелупен.
- Во сад ставете ги одмрзнатите парчиња ослич, посолете ги и овкусете со сув зеленчук, бибер, додадете кај нив исецканите магоднос и лук, круговите или полумесечинки од лимон, залијте со маслото - Измешајте убаво и оставете да одлежат најмалку 4 часа, а може и повеќе. Може да се вака стават во маринадата од вечер, а наредниот ден да се приготвува.
- Откако одлежала рибата во маринадата, земајте парче по парче без да ги чистите состојките кои се полепени за неа, заедно со нив и тоа колку што може повеќе да има на парчињата риба. Валкајте ги во брашно, не мора да биде многу, колку да се задржат состојките врз рибата. Парчињата лимон исто така ставете ги со рибата.
- Земете тава која сосема малку со масна салвета поминете на дното, редете ја рибата, покријте со капак доколку самата тава го има или едноставно со фолија, печете на 200 степени околу 30 - 40 мин.
За кратко извадете ја тавката од рерна, откријте, прелије со белото вино и вратете назад во рерната - без капак. Откако виното испарило, рибата е готова. Извадете, гарнирајте со тоа што вие ќе сакате... и нека ви е слатко.
Напомена
Сум спремала и друга врста на риба по овој рецепт, но заклучив дека е само за ослич. Не ми е вкусна другата риба вака спремана како што е самиот ослич.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани