Во посолена вода ги вариме тестенините.
Откако се варени, ги цедиме и запржуваме на малку путер.
Одиме со подготовка на аспарагусот.
Во тавче на хартија за печење ги редиме парчињата аспарагус.
(ова е ако се од тегла)
Ако се свежи обарете ги во посолена вода.
Ги попрскуваме со маслиново масло, па наросуваме со пармезан.
Зачинуваме со мешан сув зеленчук и црн бибер.
Ставаме во загреана рерна многу малку колку да се растопи пармезанот.
Во чинија сервираме од тестенините и врз нив додаваме од парчињата аспарагус.
Попрскуваме со лукче кое ситно го исецкавме и магдонос на ситни парченца.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови