- Излупете праските, извадете семката и насецкајте на ситно. Ставете ги во подлабока тава или тенџере кое може да се става во рерна, измешајте со шеќерот, оставете да одстои најмалку 12 часа.
- Наредниот ден вклучете ја рерната, ставете праските и нека се печат до густина како за обично слатко - Тргнете и сега додадете го лимонтусот, размешајте, соберете врело во тегли, затворете, свртете со капачките надолу до нивно потполно оладување.
Напомена
- Наместо лимонтус јас ставив лимон при крајот на печењето.
- Не дозволувајте да се препече бидејки по оладувањето дополнително ќе се стегне.
- Ако праските се благи намалете го шеќерот.
- Правам од половина состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани