Печени ќофтиња поинаку се викаат *запеченные тефтели*, посебно ги готват тие луѓе што не сакаат пржени ќофтиња, меѓутоа исто многу вкусни.

1. Оризот се вари во малку посолена вода и се цеди.
2. Месото, јајцето, оризот, зачините и исецканиот лук и кромид се промешуваат, потоа се прават мали ќофтиња со големина 5 см, и се редат во намрсено тавче за печење.
3. Сос. Павлаката се промешува заедно со доматното пире и солта.
4. Компирите се сечат појадро и се валкаат во сосот, потоа се редат во тавчето со ќофтињата , и со преостанатиот сос се премачкуваат ќофтињата, и на крај се додава малку топла вода.
5. Ќофтињата се печат на 200 степени покриени со фолија, потоа фолијата се вади и се печат додека не се заруменат, на крај се вадат и се посипуваат со изрендан кашкавал и повторно се печат уште 5 минути.

По ваш вкус можете да додадете со компирите и друг зеленчук.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани