Ова е само потсетување за едно брзо летно јадење.

- Пиперките се печат, се ставаат во најлонска кеса, штом изладат се лупат.
- Излупените печени пиперки заедно со дршките се ставаат во тавче, се посолуваат, се става масло и се пржат на тивко да поруменат.
- Јајцата се матат со вилушка, се става малку сол и се тураат врз пиперките.
- Така се остава да се пржи 5 минути, а потоа се става во загреана рерна на 200 степени онолку време колку да се испечат јајцата од горната страна.
- Штом ќе изладат малку, пред служење одзгора се ренда бело сирење и се јаде во комбинација со салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани