Филетите ги одмрзнуваме и ги тапкаме со кујнска хартија да им ја земеме влагата.
Ги посолуваме и редиме во тава, потоа ги попрскуваме малку масло, налеваме вода и чаша бело вино.
Оставаме 20 минути да се пече во претходно загреана рерна.
Водата и виното ќе си испарат и филетите ќе добијат убава руменкаста боја.
На страна во тава на лажица путер, запржуваме брашно.
Додаваме сецкани билки (магдонос,маточина,копар), додаваме млеко,колку да се згусне сосот.
Мешаме и посолуваме.
Вака подготвената риба служете ја со компир или пире.
Јас ја спремив како додаток на компир печен со сусамче :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови