- Во млаката вода растворете го квасецот со дел од шеќерот, малку брашно и оставете да се запени.
- Во сад ставете брашното, јајцата лесно сматени со вилушка, стопениот и оладен путер или маргарин (значи зависи што ќе одберете), јогуртот, остатокот од шеќерот, додате го квасецот и изработете со лажица или во миксер - меко тесто. Покријте и оставете да стаса, околу 1 час.
- Стасано преместете го тестото на веќе побрашнета работна површина и убаво внимателно премесете го. Повторно побрашнете работната површина и расукајте кора во дебелина од 1,5 см. Со чаша вадете крофните и редете на поголема оддалеченот во добро подмачкана тава со путер или маргарин. Нека одлежат 15 мин. и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени.
Печени посипете ги со кристал шеќер или шекер во прав, служете со мармалд, мед, крем, а доколку сакате иако не се празни крофни - полнете ги.
Совет
Бидејки тесто е повеќе јас токму поради тоа секогаш од половина состојки ги спремам и печам во една тава.
- Ако месите со сите состојки, потребно е да се пречат во две тави, тие нараснуваат и не може одеднаш сите да се печат.
- Потребно е да се добро подмачка тавката. За половина од состојките јас ја тавата подмачкувам со 50 гр. маргарин, јас ги приготвив со маргарин. Значи за две тави - 100 гр. маргарин.
- Доколку правите до сите наведени по количина состојки, тогаш поделте го тестото на два дела. Откако од првиот дел сте ги оформиле, наредиле во тавката и веќе спремни за печење, тогаш почнете да работите со вториот дел од тестото. Ова е така за да не ви престасаат крофните доколку одеднаш сите ги спремите.
Денешниве мои печени крофни имаат една маана, ги сечев со поглема чаша, а кората ја расукав потенко - грешка направив.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани