Кога го видов рецептот морав да го направам и споделам. Најпрво заради името, изгледот, а потоа и заради состојките и не се излажав. Совршени се. Ти благодарам Сефиа.
Од мелените ореви, шеќерот, јајцето, жолчката и какаото заместе смеса. Правете мали топчиња со големина на помал орев и редете ги на плех прекриен со хартија. Одозгора секое топче малку сплескајте го.
За кремот, со миксер изматете ја белката со шеќерот, додајте го лимонот, миксајте уште малку и ставете го брашното. Со шприц или со најлонче на кое сте му пресекле малку од врвот ставете по малку крем над секое топче. Одозгора украсете со јатка од орев.
Ставете ги да се сушат на 60 степени околу еден час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови