Замесуваме тесто од сите состојки освен содата. Јас обично користам сув квасец, во кесичка, така ми е побрзо. Го оставаме тестото на топло место, да кисне, да се дуплира, одприлика 1 час.
Потоа го делиме на 12 дела, секое топче го правиме како сукалце долго околу 50 см. и формираме перек. Нема потреба да ја набрашнувате површината на која работите. Ги редиме переците во плех обложен со хартија за печење.

Во тенџере на оган ставаме вода, околу третина да се наполни. Кога ќе биде топла водата ставете ја содата. Не мора да врие. Секој перек го спуштаме во водата со помош на голема лажица со дупки, 10-тина секунди, го исцедуваме убаво и го враќаме во плехот. Ги посипуваме со крупна сол.
Печеме во загреана рерна 15-20 минути во зависност од бојата која сакаме да ја добиеме.
Забелешка - може со нож да им направите засеци на переците пред печење, за во печењето да се отворат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови