Многу декоративни и вкусни колачиња.
Како ги замислив, така и ги направив.
Бев кнап со време и користев готов крем.
Доколку имате време подгответе домашен крем за полнење, по ваш вкус, ванила или чоколадо.
За ванила крем-1 пудинг од ванила, 2 лажици шеќер, 300 мл млеко, 200 гр изматена слатка павлака.
Или обратно, користете чоколаден пудинг или со вкус на лешник....

Прво земаме две ванглички и ги делиме белките од жолчките.
Белките ги матиме во цврст шам, со постепено додавање на 1 лажица шеќер.
Оставаме на страна.
Во другата вангличка ги матиме жолчките со 1 лажица шеќер да побелат.
Го додаваме млекото, просеаното брашно и пецивото.
Соединуваме лесно со шпатула, внимаваме смесата да остане воздушеста.
Ја ставаме смесата во шприц каде сме поставиле широк отвор.
Ги редиме кружните форми на многу теанко премачкана тава или врз харија за печење.
Ги печиме многу кратко, 6-8 минути.
Мене ми излегоа 28 парчиња.
Сега во еден сад ги соединуваме чоко правот, шеќерот и го додаваме ладното млеко.
Матиме до згуснување.
Испечените кружни форми ги вадиме внимателно и ги редиме на послужавник.
На секоја форма ставме со шприц од кремот и тоа задолжително од горната страна.
Нежно ги подигаме краевите, за да се залепат за кремот.
Ги редиме на тајнир, нежно декорираме со вишни, ливчиња нане и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани