Пелатите се домати по форма подолги и со многу малку семки во нив, а се познати кај нас како индустриски. Јас многу ги користам, многу фини јадења се подготвуваат со нив.
Овие ги спремам со босилок кој е и природен конзерванс.

Подготовка
1. Измијте ги доматите, па пресечете ги на врвот во форма на крст. Попарете ги со врела вода, нека постојат некоја минута, па излупете ги.
2. Ставете им шеќер, сол, бибер во зрно и листовите ловор и босилек. Промешајте, може и малку сок да пуштат.
3. Наредете ги во суви тегли, сокот заедно со биберот и листовите кои остануваат на дното од садот распоредете ги во теглате. Додадете маслиново масло, отприлика по 30-50 мл на тегла.
4. Затворете ги со капачиња и ставете ги во тенџере, завиткани во хартија или крпи. Налејте вода до под капачињата и откако ќе почне таа да врие, нека вријат околу 45 мин.Оставете ги во водата додека таа олади.

Забелешка
Си одбирав поситни доматчиња, зрели, ама сепак тврди, да не бидат многу меки, посимпатични ми се така и повеќе ги собира во тегла.
Од оваа доза треба да ви излезат околу 8-10 тегли, зависи од полнењето на теглите. Јас сакав цели да бидат, па не ги стискав многу во теглите.
Можете да им ставите и парчиња домати, да ја пополните цела тегла, па кога ќе се варат тие ќе пуштат сос во кој ќе бидат пелатите.
Теглите пред да ги полните може да ги стерилизирате во рерна или микровална.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани