Никогаш доста од рецепти за меки кифлички,овај пат направени во поголема верзија баш како во пекара.
Се активира квасецот со малку млака вода, шеќер и малку брашно. Се остава да стои околу 10мин.
Се меси мазно тесто од сите состојки и се остава покриено да стаса околу 1час. Се прават топчиња од тестото (големина по желба )и се оставаат 10мин. Се формираат кифлите и се редат во намрсен плех.
Се оставаат да киснат повторно.
Пред печење се премачкуваат со жолчка и малку млеко и се наросува со сусам. Се печат во загреана рерна на 220 степени. После печење се премачкуваат со масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови