Превкусен намаз од туна за сендвичи, крекери, како сос итн. Без адитиви, конзерванси и други додатоци..

- Во блендер или со стапест миксер се блендира туната заедно со маслиновото масло, се додека туната не е целосно иситнета.
- Се додава лимоновиот сок и сенфот и се микса се додека не се соедини.
- Путерот се сецка на коцки и се додава коцка по коцка во смесата, притоа миксирајќи се до мазна и кремаста маса.
- На крај се додава киселата павлака и зачините, се меша со шпатула.
- Смесата се става во фрижидер за да се спојат вкусовите неколку часа.
- Се служи на собна температура.

Напомена
Се чува во добро затворена тегличка, трае околу 3-4 дена во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови