Сончогледот го потпекуваме кратко на средна температура на рингла па го оставаме да излади. Го мелеме во блендер или Нутрибулет.
Кимот и сувиот кромид ги мелеме во машинка за мелење кафе, блендер или нутрибулет.
Го блендираме авокадото и ги додаваме мелените ким и кромид, сокот од лимон, сечканите лукчиња (заедно со зелениот дел), таанот, сол и бибер по вкус.
Го додаваме мелениот сончоглед и повторно блендираме до соединување.

Забелешка
Од сокот од лимон додадете, но не го ставајте целото количество. Пробувајте на вкус, ако треба додадете, зависи од големината и киселоста на лимонот колку ќе биде потребно да се стави.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани