За оваа паштета потребен ви е свеж, па обарен вргањ.
Исечкајте го ситно и ставете го на масло да се пржи, заедно со лукот. Пржете го се додека не испари водата и малку да добие боја.
Ставете го во блендер заедно со кикиритките и изблендирајте да се добие мазна смеса.
Ставете ја паштетата во некое калапче и чувајте ја во фрижидер се додека не се олади и стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани