- Панцетата исецкајте ја поситно и во процесор смелете ја.
- Во процесорот додадете ги исечени јајцата, насецканите корнишони, додадете го и путерот. Повторно мелете се додека не се добие смеса во вид на паштета.
Доколку сакате можете да додаете лук, бибер и зачинки кои вие ги сакате. Наместо панцета можете да користите и шунка.
- Соберете во сад, ставете во фрижидер да се олади.
Со топло лепче, препечно лепче - одличен намаз е.
- Путерот може да го замените со мајонез, одлично и така.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани