Многу познат рецепт за колач кој лесно се подготвува, а е вкусен и декоративен. По интернетот има најразлични комбинации,  јас овој пат ќе го презентирам рецептот на мама.

Во тенџере на оган ставете 700 мл од млекото да зоврие, а во 300 мл разбиете ги другите состојки сем путерот и сварете пудинг. Потоа додајте го путерот и убаво измешајте.
Претходно, во плехот од рерната ставете го кокосот и распоредете го преку целиот плех. Преку него истурете го пудингот, полека разнесете го преку целиот плех и ставете го во фрижидерот убаво да се излади, саат, два.
Шлаг кремот изработете го со 200 мл млеко и премачкајте го преку кремот.
Сега, сечете ленти и виткајте ги нежно во ролатчиња, така се прави паша локумот или т.н. Султанова сарма.
Чувајте ги во фрижидер, повкусно е кога е ладно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови