Трагајќи по рецепт за баница со компири, наречена Пататник во штипско, налетав на Пататник од Родопите.
И така тргна мојата приказна за оваа чудесија. Толку ме инспирира, па почнав да измислувам разни рецепти кои се навистина многу, многу вкусни.
Еве една комбинација.

Постапка

1. Најпрво се вари компирот, потоа се ренда во еден сад.
2. Се додава пиперка и зачини, се меша.
Подобро е компирот да не е сварен до крај, за да се ренда и меша поубаво.
3. Јајцата се матат, се мешаат со сирењето и киселото млеко.
4. Во намастено тавче или калап, се става половината смеса од компирот, врз неа дел од јајцата, па пак компир.
5. Одозгора се става остатокот од јајцата, па се ренда биено сиренце и се полива со стопен путер.
6. Од биеното сирење може да ставите и во средина, комбинирајте по желба.
7. Се пече на 200 додека не се отворат страните, а и до сакана боја.

Мерките комбинирајте си ги сами, од око правам, а и кој што сака повеќе е многу битно.
Имам веќе неколку рецепти пататници, со тиквица, со пиперки црвени, во кори и необјавени уште. Сите се преубави, ви препорачувам да пробате!
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани