Еве еден превкусен колач со смокви за овие зимски и празнични денови.

1. Во еден сад скршете ги јајцата и матете ги со миксер додавајќи постепено од шеќерот. Матете додека да се расторпи шеќерот. Откако ќе се растопи додајте го маслото, мелениот орев, ситно сецканите смокви, гризот и прашокот за пециво, па соедините со миксер. На крај додајте го брашното и промешајте со лажица или шпатула. Сместа истурете ја во правоаголен калап 35 х 25 и ставате го да се пече во претходно загрена рерна од 200 С околу 20 минути, па оставете го да се олади да биде млак.

2. Во тенџере на оган ставте го шеќерот, водата, ванилиниот шеќер и какаото и мешајте постепено додека да почне да врие. Откако ќе почне да врие оставете малку да се олади да биде млак.

3. Млакиот колач сечете го на коцки и прелијте го со шербетот. Оставете да отстои 15-тина минути па сервирајте. Добар Апетит. 

Забелешки
* Колачот се пари така што и колачот и шербетот да бида млаки.
* Колачот не мора да го печете во правоаголен калап.
* Колачот не мора да се сечи на коцки.
* Смесата од колачот е доста густа.
* Смоквите од колачот доколку не сакате да се забележуваат слободно изблендиарајте ги па ставете ги во колачот.
* Чашата е 180 мл.
* Филџанот е 100 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани