1. Во подлабок сад се става ладната вода, маслото, пецивото и ренданата кора од лимон кој не е задолжителна, зависи од вкусот дали сакате или не. Се меша со жица.
2. Постепено се додава просеаното брашно чија количина во оригиналот не ја пишува туку е по потреба, ама јас мерев и ставив околу 500 грама.
3. Се замесува тесто кое се дели на 3 дела. Се зема 1 дел, се рассукува во правоаголна коричка дебела половина сантиметар, се премачкува со џемот и се витка во ролатче.
4. Ролатчето се сечи на кругчиња кои се редат во тава со хартија за печење, затоа што ако се директно во тава, при печењето мармаладот ќе се подзалепи на дното и потешко ќе се вадат.
5. Се печат на 200 степени 20 минути и уште 10-тина минути на 180 степени, се ладат.
6. Се вари шербетот кој штом почне да врие му се додава сокот од лимон врие 5 минути и се трга убаво да се излади.
7. Од тавата каде се печеа колачите се вади хартијата и колачите пак се редат во неа и потоа се става ладниот шербет. Стојат малку, се превртуваат од другата страна, а штом ќе го впијат шербетот се вадат внимавајќи да не стојат многу време за да не почнат да се распаѓаат при вадењето. На крај се брбелаат со кокос и се чуваат во фрижидер иако нема опасност од расипување бидејќи се посни и шербетисани.

Забелешка
Количината на шеќер нам ни беше таман и колачите не се премногу благи.
Наместо џем од сливи може да си ставите друг џем или мармалад по вкус.
При печењето ставете ги колачите малку раздалечени бидејќи ќе нараснат, печете во поголема тава за да ги собере сите колачи одеднаш.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани