Многу вкусни колачи...
За подготовка на тестото водата, квасецот, гризот и маслото се мешаат полека. Се додава брашно додека се замеси средно тесто и се остава 20 мин да нарасне.
На машина за месо се мелат урмите, сувото грозје, брусницата и сусамот. Во истиот сад се ренда и чоколадото.
Од нараснатото тесто се зема топче се расукува и се става во калапче. Во средината се става по малку од филот и се формираат колачи.
Јас си правев и топчиња внатре со фил, ролат со фил, па си сечев парчиња и направив 3-4 различни форми. Тоа е по желба.
Направени се ставаат во тавче да нараснат и потоа се печат да поруменат.

Водата и шеќерот се ставаат да вријат. Се вари не многу густ шербет и се додава ванилата.
Млаки колачи се пуштаат во врелиот шербет. Како омекнуваат се вадат, се валкаат во кокос и се така додека се потрошат сите колачи.
На здравје !!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови