Од наведените состојки се замесува средно меко тесто.
Се кинат топчиња и се формираат кифлички.
Се ставаат во не намрсен плех и се печат во загреана рерна на 200 степени додека убаво поруменат.
Се оставаат да се изладат.

За шербетот се ставаат шеќерот, медот и водата да зовријат и потоа да варат 5 мин. на умерен оган.
Штом зоврие се додава лимоновиот сок.
При крај ванилата.

Колачињата се спуштаат во врелиот шербет. Се потопуваат од едната, па од другата страна, убаво да се натопат, но внимаваме да не биде премногу, до степен да се распаднат. )))

Ги валкаме во мелените ореви.

Сладете се!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани