Лесен, вкусен и освежителен десерт.
Прво направете го кремот со праски. Ставете го желатинот во малку вода да набубри. Праските исчистете ги, излупете ги и ставете ги во блендер. Додајте го и шеќерот и медот и измиксајте ја смесата. Набубрениот желатин загрејте го да се стопи (јас тоа го правам во микробранова неколку секунди) и додајте го во смесата. Убаво измешејте и распоредете во 6 чаши. Ставете ги во фрижидер да се стегне.
За панакотата, најпрво желатинот ставете го во вода да набубри, па на тивок оган загрејте ја павлаката, заедно со млекото, шеќерот, медот и ванилите. Треба само малку, да се смлачи, па додајте го и стопениот желатин, промешајте убаво и ставете го одозгора врз кремот од праски, кој е веќе изладен, здрвен.
Вратете ги чашите во фрижидерот, убаво да се излади.
Рецептот е од Теди, а јас еве веќе трет пат го правам :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови