1. 1/4 од желатинот се накиснува во малку вода.
2. Готовото кафе се става во касерола на оган и се загрева по желба се додава шеќер, на кафето му се додава подготвениот желатин, смесата се меша на оган додека желатинот не се растопи, но треба да се внимава да не зоврие течноста.
3. Кафето се распределува во калапчињата се остава на собна температура да се поолади и потоа се прибира во фрижидер да се желира.
4. Кога кафето е желирано се започнува со останатата смеса.
5. Млекото, павлаката, ванилата и по желба шеќер се ставаат во касерола и се ставаат на оган.
6. Преостанатиот желатин се накиснува во малку вода.
7. Желатинот се додава на млекото и се внимава смесата да не зоврие. Се вари додека желатинот се растопи 30сек. до 1мин.
8. Белата смеса се остава на собна температура и пред да започни да се желира се додава во калапчињата со кафето.
9 Така подготвени се оставаат во фрижидер најмалку 2-3 часа за да се желираат убаво.
- за полесно да се извади од калапчињата потребно е да се потопи во врела вода за неколку секунди.
- панакотата се вади од калапчињата непосретствено пред да се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови