1. Во еден сад се ставаат јајцата и се матат со маталка, постепено се додаваат газираната вода и брашното на 2-3 пати (да се добие густина како за палачинки).
2. На крај се додава пецивото и ситно исечканиот копар.
3. Се промешува смесата да се соедини.
4. Тавче за палачинки се става на оган и се премачкува со малку путер.
5. Во тавчето се става дел од смесата и се печат палачинките.
Фил
1. Во сад се ставаат крем сирењето и киселата павлака, се промешува да се соедини.
2. Димениот лосос се сечка на парченца и се додава во крем сирењето се промешува и се додава сол, ако има потреба.
3. Од филот се зема по една лажица и се става во средината на палачинката и палачинките се виткаат како сарма.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови