Во подлабок сад ставете го јајцето и изматете го со жица или миксер. Како ви е полесно. Потоа постепено додавајте го брашното и разредувајте со течностите. Додадете ги дробените кикирикии промешајте.
Потоа оставете го тестото да одмори 15 минути.
Откако ќе отстои тестото проверете ја густината бидејќи брашното набабрува и веројатно ќе треба малку да го разредите.
Тавата загрејте ја на најсилна температура и пржете.
Готовите палачинки оставете ги да се изладат.
Чоколадото стопете го на пареа со малку масло, додадете го кремот и печените и дробени кикирики и оставете да се излади 10-15 минути.
Се зема една палачинка и се премачкува со филот се така додека се потрошат палачинките.
Готовите палачинки се ставаат во фрижидер за длабоко замрзнување 30 минути, потоа се вадат се сечат на парчиња со дебелина од 2 цм и се декорира со мед и дробени кикирки.
(јас користев млечно чоколадо со лешници )
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови