Палачинките ги видов на нет во една група за здрава здрана за деца.
Голема благодарност до мајката која го сподели рецептот.
Оригиналниот рецепт беше со аронија, ама бидејќи овде сеуште ја немам сретнато ниту свежа ниту сушена, ја заменив со капинки.
Многу се вкусни, меки, сочни, а најбитно им се допаѓаат и на најмалите.

Со жица изматете ги јајцата со шеќерот.
Додајте го растопениот и оладен путер.
Промешајте, па додајте ги двата вида на брашно, во кои ќе ги измешате пецивото и содата.
На крај постепено матејќи со жица додавајте го млекото.

Треба да добиете густина како за американски палачинки, значи погуста смеса од онаа за класичите палачинки.
На крај додајте ги исецканите капини.
Измешајте.

Пржете ги на загреана нелеплива тава без да ја премачкувате.
Во смесата има доволно путер затоа и не ви е потребно дополнително да ја премачкувате тавата.

Испржените палачинки оставете ги да оладат.
Послужете ги посипани со јаворов сируп.

Заблелешка
Како што се гледа на сликата кај нас не се чекаше убаво да се оладат пред да ги посипам со сирупот.
Беа млаки па затоа го впија сирупот.
Затоа почекајте убаво да се оладат, па потоа посипете ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани