Кај вкусни, па и посни!

Подготовка
1. За да ги направиме палачинките ги соединуваме сите состојки освен маслото. Оставаме да отстојат најмалку 15 минути. Го додаваме маслото и пак промешуваме. Ги печеме на загреано тавче со нелеплива облога.
2. Бананите ги лупиме и ги сечкаме на кругови или на поситни парченца, по вкус.
Праските ги лупиме и нив ги сечкаме на мали парчиња.
Ги ставаме во сад на рингла, на ниска температура заедно со шеќерите и лимоновиот сок. Оставаме кратко да се издинстаат и шеќерот да се растопи, додаваме цимет по вкус. Го тргаме на страна филот.
3. За преливот ги соединуваме медот, таанот и растопениот кокосово масло. На крај додаваме прстофат сол.
4. Ги филуваме палачинките со една лажичка таан прелив, 2-3 лажици од филот со праски и ги виткаме во ролат. Врз нив пак ставаме дел од филот и од преливот, па посипуваме со цимет.

Забелешка
Смесата за палачинки излегува густа па поради тоа излегуваат и подебели палачинки, кои се баш соодветни за ваков потечен прелив и фил.

На здравје !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани