Викендите се резервирани за палачинки. А утрата се послатки со ваков појадок. Да би можела би ги јадела секој ден, ете толку ги сакам.

- Во блендер се соединуваат јајцата, бананата, брашното и медот. Од добиената смеса се пржат палачинките на малце кокосово масло.
Јас добив 4 дебели палачинки.
- За овошниот прелив се блендира јогуртот и мармаладот од боровинки.
- Се декорира со растопената чоколада, се додава сецкана банана и на врвот рендана чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови