1. Белките се делат од жолчките и се матат со солта.
2. Во друг сад се ставаат жолчките и се матат, им се додава млекото, ванилата и брашното и се промешува да се соедини.
3. Белките се додаваат во смсата од жолчките и се промешува да се соедини.
4. Тавата се става во рерна на максимална температура да се загрее убаво.
5. Така загреана тавата се вади од рерна и се исипува прво маслото и со вртеливо движење се распределува по целата површина.
6. Веднаш се додава и смесата за палачинката и се става во рерната на 250 степени 20-30 минути.
7. Готовата палачинка се вади од тавичката и се завиткува како ролат со влажна крпа во средината и се остава 20-30 минути да се олади.
8. Оладената палачикна се одвиткува и се премачкува со мармаладот и се завиткува во ролат.
9. По желба се посипува со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови