- Измиениот ослич ставете во тенџере да се вари полиен со вода толку колку што да биде покриен. Додадете го во него излупениот и исецкан кромид, ловоровиот лист, малку сол и биберот. Ставете да се вари. Кога ќе е сварен извадете ја рибата, исчистете ја од кожата и коската, ставете настрана, а бујонот кој сте го добиле од варењето сочувајте го.
- Додека се вари рибата, излупете го компирот, исечете на кругови, додадете исчитстен и исечен исто така на кругови морков - залијте со вода и нека се вари околу 10 мин.
- Во сад ставете по ваша оцена маслиново масло покријте го дното со компирот и морков-врз него ставете од рибата и посипете со исецкан магданос и лук. Повторно компир, риба - магдонос се така додека потрошите состојките. Залијте со бујонот во кој се вареше рибата, додадете го виното, доовкусете по ваш вкус за солено, можете повторно да додадете бибер, поклопете и оставете да се вари на тивок оган околу 20 мин,- но не да испари целата течност. При сервирањето можете да додате и лимон.
- Ова е убав посен ручек, не мора секогаш рибата да се пржи.
Напомена
Кој го сака повеке рузмарин кога приготвува риба, тогаш заменете го ловоровиот лист со рузмарин, јас овде токму ловорот го сакам.
Овој ручек вообичаено се спрема со Бакалар, но ценам дека и Осличот сосема одговара во оваа комбинација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани