Уште додека е смрзнат осличот се лупи и се сече на парчиња.
Се посолува малку.
Во чинија се меша сенфот со зачините и се налева врз рибата. Убаво се меша со лажица или се трие низ раце за да поприми од зачините.
Се остава 2 часа да одстои, а потоа секое парче се валка во палента и се пржи на врел зејтин. Се одлучив за палента затоа што така се добива убава крцкава коричка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани